Вилшер ја „покоси“ сопругата со лизгачки старт и се пофали на Твитер (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џек Вилшер во текот на пандемијата на коронавирусот реши домашната изолација да ја помине во природа.

Вилшер со неговото семејство реши да оди во природа и да избега од градот додека трае пандемијата на вирусот.

Фудбалерот објави видео кое многумина насмеа на Твитер, но не сигурно и неговата сопруга Андријана, која беше главен учесник во истото.

Тој со својата сопруга играше фудбал, но таа му се налути кога ја „покоси“ со лизгачки старт. Иако тоа не можеше да го прифати, сепак Вилшер реши да го објави видеото на социјалните мрежи.