Вимблдон донесе одлука која нема да му се допадне на Ѓоковиќ


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Организаторите на Вимблдон донесоа одлука која ќе предизвика голема прашина во светот на тенисот. Иако најголемите ѕвезди на белиот спорт, предводени од Новак Ѓоковиќ и Коко Гоф, јавно ја кренаа својата грижа против прекумерниот број на камери во ходниците и “скриените” агли на стадионот, познатиот “Ол Ингланд клуб” нема намера да ги менува своите правила.

Дебатата за приватноста на тенисерите беше во фокус за време на последното Австралиско Опен. Младата Американка Коко Гоф беше снимана како во налет на бес крши рекет по поразот во четвртфиналето, иако намерно се тргна од камерите во потрага по момент на самотија. Се покажа дека нема “мир” на друго место, освен во соблекувалната.

Покрај неа, се пожалија и Ига Швјонтек, Џесика Пегула и Аманда Анисимова, но најгласен беше Новак Ѓоковиќ, кој застана во одбрана на помладите колешки, но и на сопственото право на приватност.

Ѓоковиќ тогаш искрено изјави дека ситуацијата стана алармантна и “тажна”.

Ја разбирам Коко, со неа се солидаризирам. И јас сум кршел рекети, знам како е кога сте фрустрирани. Живееме во општество каде што “содржината” е сѐ. Тажно е што денес никаде не можете да се скриете и да го изразите бесот, а тоа да не го сними камерата – рече Новак и додаде на неговиот стил, со доза на сарказам:

И покрај интервенцијата на агентите и претставниците на играчите, Вимблдон во петокот официјално потврди дека нема да ја променат поставката на камерите во однос на минатата година. Англичаните тврдат дека камерите во зоните за загревање и опоравување се “корисни за промоција на спортот”.