Винчиќ ќе ја дели правдата меѓу Македонија и Украина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот словенечки судија Славко Винчиќ ќе биде главен судија на мечот меѓу Украина и Македонија во квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Украина ќе ѝ биде домаќин на Македонија во Прага, а Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди судиите за натпреварот кој е закажан на 14 октомври од 15 часот.

На еден од најдобрите европски судии на теренот ќе му помагаат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.