На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Винисиус Жуниор, еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, ја одби првата понуда на европскиот и шпанскиот шампион за продолжување на договорот, иако му беше понудено зголемување на платата од 15 милиони евра годишно.
Како што пренесува Марио Кортегана, новинар добро информиран за случувањата во Реал, преговорите започнале пред две недели, но менаџерите на бразилското крило ја вратиле понудата за доработка.
Винисиус пред две години потпиша продолжување на соработката со Реал до 2027 година, со неверојатна откупна клаузула од една милијарда евра!
Сепак, интересот за него не стивнува. Минатото лето, како и оваа есен, агентите на саудиските клубови се обидоа да го привлечат на трансфер и наводно постоеле клубови кои биле спремни да платат таа милијарда.