Винисиус добил луда понуда, но одбил да го предаде Реал Мадрид!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


ПСЖ се обидел да го ангажира Винисиус Жуниор, односно му дал идеја да не го продолжи договорот со Реал Мадрид за потоа да му понуди плата од 40 милиони евра годишно, плус огромен бонус за потпис на договор.

„Марка“ пишува дека убедувањето траело неколку месеци, но Бразилецот никогаш не размислил да го напушти Реал Мадрид, ниту да го предаде за повеќе пари.

Бразилецот реши да остане во клубот, па така ја освои шпанската титула и трофејот во лигата на шампиони (ЛШ).

Флорентино Перез за медиумот откри дека парижаните му нуделе премногу пари на Винисиус, но Бразилецот докажа дека не е сè во парите.