Винисиус ги провоцира фудбалерите на Мајорка: Никогаш нема да имате пари колку мене!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Мајорка со 0-1 и така ѝ дозволи на Барселона да ја зголеми разликата на врвот на осум бодови.

Винисиус Жуниор беше во центар на внимание поради провокациите на фудбалерите на Мајорка, а во еден момент сакаше да изнуди прекршок и заработи жолт картон поради кој ќе паузира на следниот натпревар.

Бразилецот не останал мирен за време на мечот и им вратил на провокацииите.

„Кога ќе завршите со фудбалот, треба да си најдете нова работа затоа што нема да имате пари колку мене“, кажал Винисиус.