Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
На фудбалскиот меч во Овиедо, повторно се појави скандал со расистички навреди насочени кон познатите фудбалери, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, кои беа провоцирани од страна на навивачите.
„Диарио АС“ пренесе дека двајца навивачи произвеле мајмунски крици насочени кон францускиот и бразилскиот репрезентативец за време на натпреварот, што предизвика згрозување и силна реакција во спортскиот свет.
Расистички инциденти на шпанските стадиони не се непознати, а Винисиус Жуниор веќе неколку пати претходно бил жртва на вакви навреди. Оваа ситуација секогаш иницира дебата за потребата од поостри казни за таквите инциденти.
Фото: Принтскрин