„Винисиус ќе згреши ако замине од Реал Мадрид“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Винисиус Жуниор беше жртва на расистички напади на мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, по што почнаа шпекулациите дека би можел да замине од клубот.

Легендарниот Емануел Пети смета дека Винисиус ќе направи голема грешка ако замине од клубот.

„Се сеќавам дека пред три години добиваше многу критики, но сега игра на друго ниво. Бев изненаден од сцените на натпреварот меѓу Валенсија и Реал. Сепак, сметам дека ќе згреши ако замине од Реал поради тоа. Ова не смее да биде причина поради која ќе замине од клубот“, вели Пети.