„Винисиус мисли дека е недопирлив, но наскоро ќе разбере дека не е така“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпански „Спорт“ пишува дека потенцијалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид би можел да му направи проблеми на Винисиус Жуниор.

Доколку „кралевите“ го ангажираат Мбапе, наводно веднаш ќе го стават на продажба Бразилецот кој минатата сезона постигна 23 гола и 21 асистенција.

„Се смета за недопирлив, но има рок на траење и наскоро ќе разбере дека е лесно заменлив“, пишува „Спорт“.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез има идеја да го ангажира Мбапе во летниот преоден рок, но притоа ќе мора да жртвува дел од своите играчи, а шпански „Спорт“ смета дека тоа е Винисиус.

Винисиус игра за „кралскиот клуб“ од 2018 година и досега освои 10 титули со шпанскиот гигант.