„Винисиус мораше да добие црвен картон“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид одигра 1-1 против Лајпциг и се пласира во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), а единствениот гол за шпанската екипа го постигна Винисиус Жуниор кој многу лесно можеше да добие црвен картон.

Бразилецот направи голем скандал кога направи прекршок врз капитенот Орбан, а потоа со двете раце го удри во пределот на грлото.

Судијата Маса од Италија му покажа само жолт картон, а со таа одлука не се сложуваат многумина, меѓу кои и стручниот консултант Дејан Недиќ.

„Одамна немам видено толку почит кон еден тим од страна на судиите. Ако станува збор за удар во пределот на вратот, тогаш тоа е црвен картон. Ова не може да биде жолт картон“, кажа Недиќ.