Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Бразилецот Винисиус Жуниор е на чекор да го обнови договорот со Реал Мадрид. Договорот што истекува во 2027 година, може да биде продолжен за уште две или три години, пренесува каталонскиот весник Мундо Депортиво.
Клубови од Саудиска Арабија продолжуваат да го искушуваат Винисиус со мега договори, но изгледа дека Бразилецот ги заборавил тие вртоглави понуди и решил да остане во Реал Мадрид.
Реал Мадрид секогаш бил свесен за понудите од Саудиска Арабија за Винисиус, но клубот никогаш не бил нервозен поради тоа.
Двете страни се во контакт веќе седмици, и наводно продолжувањето е договорено и само треба да се официјализира, што ќе се случи по завршување на сезоната.