Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилскиот крилен напаѓач Винисиус направи ДНК тестирање за да открие од каде му се предците.
Натпреварот се совпадна со празникот во чест на Бразилците од африканско потекло (порт. Dia da Consciência Negra) за кој Фудбалската федерација на Бразил покрена акција за помош на репрезентативците да го истражат своето потекло.
Претседателот на ФФ Бразил Едналдо Родригес му врачи на таткото на Винисиус и неговиот сонародник сертификат дека потекнуваат од Камерун, конкретно од народот Тикар.
„Не знаев, но среќен сум сега кога го гледам ова“, истакна среќниот Винисиус, а неговиот татко додаде:
„Важно е да знаете од каде потекнувате. Всушност, Бразилците воопшто не знаат од каде им се предците.“