Винисиус пофали тројца колеги: Ако играме вака, Реал никогаш нема да загуби!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор сезонава игра на врвно ниво, па така и вчера ја уништи одбраната на Валенсија (4-1).

Винисиус постигна два гола против Валенсија, но имаше и неколку магични потези кои никого не оставија рамнодушен, но сепак тврди дека заслужни за победата се тројца негови колеги.

„Првиот гол кој го дадов беше необичен, но се случуваат некогаш такви работи. Сепак, јас мислам дека Крос, Касемиро и Модриќ беа неверојатни. Ако играат така секој натпревар како против Валенсија, тогаш никогаш нема да загубиме“, вели Бразилецот.

Реал Мадрид освои нови три бода и ја зголеми предноста пред Севиља во Ла Лига, па така шпанскиот гигант се наоѓа на добар пат да ја освои титулата.

„Вистинска радост е да се игра на стадионов. Тоа е сон за мене. Сакам да останам уште долго во Мадрид“, кажа Винисиус.