Винисиус „распали“ по судиите по мечот против Алавес (Видео)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на вниманието по контроверзниот момент на натпреварот против Алавес, откако јавно го обвини судијата дека намерно не досудил чист пенал во корист на Реал Мадрид.

Бразилскиот ас по завршувањето на натпреварот не го криеше незадоволството и со остар тон истакна дека прекршокот над него бил очигледен.

„Пеналот беше чист како солза, но тој не го досуди затоа што сум јас. Тоа се случува постојано“, изјави Винисиус.