Винисиус сака да раскине договор зашто биле неправедни кон него!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Реал Мадрид и бразилската репрезентација Винисиус Жуниор инсистира да го прекине договорот со „Најк“.

Бразилецот сè уште користи копачки од брендот поради договорот кој трае до 2028 година, но веќе го контактирал адвокатскиот тим со цел да ја прекине соработката.

Бразилскиот портал „УОЛ Еспорте“ објави дека причина за ваквата одлука не е само финансиска, туку поради тоа што од брендот се однесувале неправедно кон Бразилецот.

Борбата со производителот на спортска опрема траела веќе неколку месеци, а Винисиус не сакал да учествува на последните настани на „Најк“.

Бразил во осминафинале на Мундијалот ќе игра против Јужна Кореја утревечер од 20 часот.