Винисиус сака да замине од Мадрид: Перез имал состанок со Бразилецот, Реал поднесе тужба


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Винисиус Жуниор беше жртва на расистички напади на мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид (1-0), по што на крајот на натпреварот доби и црвен картон, а шпанските медиуми пишуваат дека Бразилецот посакал да замине од Шпанија поради овој инцидент.

Бразилскиот репрезентативец не кажа такво нешто преку Инстаграм, но го осуди однесувањето на навивачите на Валенсија и кажа дека Шпанија од сега е расистичка земја.

Реал Мадрид поднесе тужба против лигата за расизам, а Флорентино Перез имаше состанок со Винисиус, по што распука по шпанската фудбалска федерација.

„Расистичките напади мора да бидат искоренети. Нашиот клуб се заблагодарува за поддршката која пристигна за Винисиус. Изненадени сме и од претседателот на шпанската федерација, Луис Рубијалес кој дозволи да не се преземат остри мерки“, велат од шпанскиот гигант.