Винисиус сакал да се тепа со Авила во финалето на Купот (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид беа подобри од Осасуна со 2-1 и така го освоија трофејот во шпанскиот Куп.

За време на натпреварот имаше тензии на теренот, но и надвор од него, а посебно тоа можеше да се забележи на полувреме.

На пат кон соблекувалната близок контакт имаа Винисиус Жуниор од Реал Мадрид и Чими Авила од Осасуна, по што мораа да реагираат останатите фудбалери за да спречат тепачка.

Антонио Рудигер и Лукас Васкез ја смируваа ситуацијата, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од инцидентот.