Винисиус се договори со Реал Мадрид: Познати се некои од деталите, има и една необична клаузула!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор ќе го продолжи договорот со шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид до 2026 година, додека останатите детали не се соопштени, иако е познато дека ќе биде најплатен фудбалер на тимот.

Винисиус имаше спектакуларна сезона зад себе, па со Карим Бензема го предводеа тимот до титулите во шпанската Ла Лига и до пехарот во Лигата на шампиони (ЛШ).

Врвот го достигна во финалето на ЛШ кога го постигна единствениот гол за победа против Ливерпул, а во Мадрид стигна во 2018 година и за Реал одигра 117 меча, додека постигна 25 голови.

Се очекува во неговиот договор да има и откупна клаузула од милијарда евра.