Винисиус се кае поради срамниот потег на Ел Класико за кој зборува светот


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на мадридскиот Реал ја поразија Барселона со 2:1 во неделата во рамките на десеттото коло на Примера. Фудбалерот од екипата на главниот град на Шпанија Винисиус Жуниор им се извини на соиграчите, клубот, претседателот Флорентино Перез и на навивачите за своето однесување на натпреварот од 10-тото коло.

Винисиус бурно реагираше поради замената во 72-та минута. Бразилскиот фудбалер не се поздрави со членовите на стручниот штаб и соиграчите на клупата за резерви, туку лут замина во соблекувалната, што предизвика вознемиреност во јавноста. Откриено е и што му рекол на Чаби Алонсо, неговиот тренер. Вистинска срамота.

– Сакам да им се извинам на сите навивачи на Реал за мојата реакција на замената на Ел Класико. Како што веќе лично се извинив за време на денешниот тренинг, сакам повторно да се извинам на моите соиграчи, клубот и претседателот – напиша Винисиус на социјалните мрежи.

– Понекогаш страстите ме совладуваат, секогаш сакам да победам и да му помогнам на мојот тим. Мојата натпреварувачка природа произлегува од љубовта што ја чувствувам кон овој клуб и сè што тој претставува. Ветувам дека ќе се борам секоја секунда за доброто на Реал, како што тоа го правам од првиот ден – напиша Бразилецот, кој навистина треба да работи на своето однесување…