Винисиус се повреди: Дали Реал Мадрид ќе купи негова замена?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид остана без бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, кој се повреди на натпреварот против Селта виго (1-0) во третото коло од шпанската Ла Лига.

Бразилецот ќе мора да паузира одреден период, а тренерот Карло Анчелоти на прес-конференцијата кажа дека се надева на полесна повреда, но медицинските прегледи треба да го покажат тоа.

Анчелоти кажа дека нема да ангажира нови фудбалери без разлика на повредата на Винисиус и така остана на ставот кој го имаше уште пред мечот против Селта.

Винисиус најверојатно ќе го пропушти мечот против Хетафе, а ќе се врати во тимот на крајот на септември.