Винисиус со порака до навивачите најави пресврт против Арсенал!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал направија голема предност по првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Натпреварот одигран на Емирејтс понуди два феноменални гола на Деклан Рајс и еден убав гол на Мерино за големата победа на „топчиите“.

Арсенал така во Мадрид се упатува со предност од три гола, но сигурно е дека работата не е завршена.

Винисиус испрати јасна порака до навивачите на Реал Мадрид, но таа нималку нема да им се допадне на оние што го сакаат Арсенал.

Бразилецот подвлече дека чуда веќе се правени на Сантјаго Бернабеу.

„Нема изговори. Лош натпревар. Време е да се подобриме и бориме на Бернабеу. Работите секогаш се одвиваат на теренот и можеме да повториме некои работи. Бориме до крај, секогаш“, напиша Винисиус.

Фото: Реал Мадрид/ФБ