Винисиус за цел живот посрамоти ѕвезда на Атлетико: Тргна во напад, па заврши на подот 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на домашен терен го совладаа Атлетико Мадрид со 2-0, па „кралевите“ така ја потврдија одличната форма.

Многумина очекуваа одличен натпревар и голема борба на тимовите од Мадрид, но на крајот Реал полесно од очекуваното ги освои трите бода.

Стрелци на погодоците за Реал беа Карим Бензема во 16. минута, како и Марко Асенсио во 57. минута, а Винисиус Жуниор одигра уште еден фантастичен натпревар.

Бразилецот синоќа имаше две асистенции и неколку одлични дриблинзи, а по добро нема да го памети Ангел Кореа, кој се обиде да му ја земе топката на Винисиус, но тој со неверојатен дриблинг го посрамоти за цел живот.