Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ЖРК Вардар го одиграа првиот натпревар на турнирот „Винко Кандија“ кој се одржува во Словенија и славеа против австриски Хипо со 36:23.
Вардарки почнаа со серија од 3:0. Продолжија со одличната игра во првото полувреме, имаа по неколку големи серии и на полувреме се замина со резултат 19:11. Како првото, така и во второто полувреме вардарки отворија со серија од 3 погодоци. Ракометарките на македонскиот клуб до крајот на натпреварот покажаа што знаат и го декласираа Хипо со високи 36:23.
Мавсар со 9 погодоци беше најефикасна кај Вардарки. Дамњановиќ и Хмирова додадоја по 7 погодоци, Лазовиќ 4, Пенезиќ и Ристовска по 3, Ихнева 2 и Илина 1 погодок.
Следниот натпревар ЖРК Вардар го игра против Подравка утре, а последниот натпревар на овој турнир го играат против Крим исто така утре.