Винс Картер не запира: Искусниот кошаркар влегува во историјата на НБА откако стана јасно дека ќе ја игра и 22. сезона по ред


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот кошаркар Винс Картер и официјално потпиша договор на уште една година со тимот на Атланта Хокс.

Франшизата од градот на „Кока колата“ ова го објави денес и со тоа стана јасно дека Картер ќе ја игра и 22. сезона во НБА лигата.

Доколку заигра во календарската 2020 година, а тоа е сосема веројатно, ќе стане првиот играч кој некогаш играл во четири декади во најквалитетното кошаркарско натпреварување во светот.

Картер минатата сезона одигра 76 натпревари на кои девет пати беше стартер, а во просек бележеше по 7.4 поени по натпревар.

Пред Атланта играше и за Сакраменто, Мемфис, Далас, Феникс, Орландо, Њу Џерси Нетс и Торонто, а дури осум пати беше дел од Ол-Стар викендот.