Вирц блесна за Ливерпул и доби награда од милион јени (Видео)


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Ливерпул постигна убедлива победа од 3-1 против Јокохама Ф-Маринозе во пријателски натпревар во рамките на азиската турнеја. Флоријан Вирц, новото засилување на тимот, блесна во својот деби натпревар за „црвените“.

Младиот германски репрезентативец не само што се истакна со голови, туку и ја водеше играта на тимот со самоуверени потези и извонредна визија на теренот. Неговото маестрално издание не остана незабележано – по натпреварот беше прогласен за играч на мечот.

Организаторите му доделија и симболична парична награда од еден милион јени, што е околу 5.850 евра, како дополнителна награда за неговата изведба.

Фото: Принтскрин