Вирц со порака ги разочара сите во Баерн и го избра новиот тим


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Иако се чинеше дека Флоријан Вирц ова лето сигурно ќе потпише за Баерн, дојде до голем пресврт и тој се предомисли и избра Ливерпул. Во Минхен се шокирани од она што се случуваше последните часови и пораката која на полноќ ја добија од фудбалерот на Баер Леверкузен.

Нема дилема дека трансферот на Вирц ова лето ќе биде главна тема на фудбалската јавност, но малкумина очекуваа вакви пресврти во одлуките на германскиот репрезентативец.

Вирц одлучи дека е време да го напушти Баер Леверкузен и да се проба во друг клуб. Прв се јави Реал Мадрид, и се чинеше дека Вирц сигурно оди во кралскиот клуб, особено бидејќи и Чаби Алонсо од Леверкузен замина кон Мадрид.

Но, потоа во приказната се вклучи Баерн поради што Вирц прекина преговорите со Реал и одлучи Минхен да биде неговата наредна дестинација.

Иако во Минхен веруваа дека Вирц е нивни, синоќа доживеаја вистински шок. Новинарот на Билд, Кристијан Фалк, објави дека од доаѓањето на Вирц во Баерн нема ништо и дека овој 22-годишник ги шокираше Баварците со својата порака.

Последните часови беа шокантни за Баварците бидејќи прво преку медиумите дознаа дека Ливерпул и Вирц сè договориле. 

Фото: Принтскрин