Вирусот го „покоси“ Рим: Тројца позитивни фудбалери во Рома!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Рома пред неколку дена потврди дека напаѓачот Един Џеко е позитивен на ковид-19, па тој го пропушти претходниот дуел против Џенова.

Џеко и на социјалните мрежи потврди дека е заразен, па сега се наоѓа во самоизолација, но проблемите за Рома допрва почнуваат.

Од клубот вчера пристигнаа информации дека тројца фудбалери се заразени со вирусот, а станува збор за Лоренцо Пелегрини, Федерико Фазио и Давиде Сантон, кои биле позитивни на тестирањата.

Пелегрини тоа го потврди преку Инстаграм и откри дека има симптоми, но се чувствува добро, а Фазио и Сантон немаат никакви симптоми и од вчера се наоѓаат во самоизолација.

Амаду Диавара и Рикардо Калфиори и понатаму се позитивни, но поради добри медицински тестови добија дозвола да тренираат самостојно.