Владата на Македонија ќе ги промовира фудбалерите на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како и секогаш, па така и сега, спортистите се најголеми амбасадори на една држава, па поради тоа Владата на Македонија на вчерашната седница реши да ги промовира македонските фудбалери во нивниот прв настап на Европското првенство (ЕП) летово.

Владата соопшти дека формирала Координативно тело, кое ќе треба да му помага на селекторот Игор Ангеловски за Македонија да има подобар настап на ЕП.

„Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Македонија на ова европско натпреварување“, информираше Владата.

Македонија треба да одигра два меча во Букурешт, и тоа против Австрија и Украина, по што третиот го игра во Амстердам против Холандија.