Владе Дивац доживеа сообраќајна несреќа: Пренесен е во болница во Црна Гора


Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Легендарниот српски кошаркар, Владе Дивац, е повреден во сообраќајна незгода во Црна Гора, каде што паднал од мотор, а поради повредите што ги здобил не можел да се крене, па бил пренесен со возило на Итната помош во болница.

Дивац паднал во близина на Луштица, а за степенот на повредите што ги здобил сè уште нема прецизни информации, пишува CDM.

Владе Дивац последните години често престојува во Црна Гора на приморјето, а минатата година му правеше друштво во Бока Которска неговиот некогашен соиграч и еден од најдобрите кошаркари на сите времиња – Меџик Џонсон, кој овие денови е на хрватското приморје.