Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поранешниот кошаркар на Сакраменто кингс, Лос Анџелес лејкерс и Шарлот хорнетс и бившиот претседател на Олимпискиот комитет на Србија, Владе Дивац беше примен во кошаркарската „Куќа на Славните“.
Дивац е избран во генерацијата за 2019 година, а за оваа година во конкуренција беа и Крис Вебер, Маркес Џонсон и Бен Валас, кои не беа избрани.
Поранешниот кошаркар во НБА беше еден од пионирите од овие простори, зашто на американскиот континент замина најпрво како кошаркар на Лејкерс за кој настапуваше од 1989 до 1995 година. лејкерс потоа го трејдуваа во Шарлот хорнетс во замена за правата на Коби Брајант.
Во 1999 година беше кратко член на Црвена Звезда, а потоа се врати во НБА, во тимот на Сакраменто.
Дивац работи во моментов како генерален менаџер во Сакраменто и во последните години работи одлично, зашто Кингс во последните две сезони покажаа голем потенцијал.
Remember, Divac and Webber are finalists in different categories. Webber, North American group; Divac, International. Every year, there’s one international inductee slotted into Springfield. Divac’s international resume is Hall-worthy on its own — even if he never came to NBA. https://t.co/AId38ikUr7
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) April 6, 2019