Владо Илиевски е нов спортски директор на Цедевита Олимпија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски кошаркар, Владо Илиевски од вчера е нов спортски директор на словенечкиот гигант Цедевита Олимпија.

Илиевски го презема директорското столче од Сани Бечировиќ, кој беше на оваа функција во изминатите четири години.

„Среќен сум што се враќам во Олимпија. Ќе дадам сè од себе за да испишеме успешна приказна. За мене е голема чест што ќе бидам спортски директор на најголемиот словенечки кошаркарски тим“, кажа Илиевски.