До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ потпиша договор во средината на гласините и разговорите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.
Од летото 2025 година активно се зборува за иднината на Влаховиќ. Договорот со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а сè уште не е познато дали ќе дојде до продолжување на соработката или некогашниот фудбалер на Партизан и Фиорентина ќе ја смени средината.
А, додека сè уште се договара каде ќе игра центарфорот следната сезона, стигна вест за неговиот потпис на договорот со познатиот производител на спортска опрема „Рибок“.
„Горд сум што се приклучувам кон „Reebok“ во моментот кога се враќа на теренот и повторно го зазема своето место во фудбалот. „Reebok“ има неверојатно наследство во спортот и возбуден сум што заедно ќе работиме на тоа „Reebok Football“ да го подигнеме на повисоко ниво за новата генерација спортисти“, изјави Душан Влаховиќ.









