Влаховиќ им се извини на сите поради непристојната прослава: Признавам, згрешив!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ синоќа беше стрелец на два гола во тесната победа против екипата на Лајпциг, но по натпреварот мораше да им се извини на сите поради несоодветното славење од шестото коло на Серија А.

Головите ги постигна во 50. и 68. минута од натпреварот, а по победата пред телевизиските камери ги даде своите впечатоци по натпреварот.

„Покажавме дека сме тим кој добро се согласува и дека можеме да постигнеме големи работи. Знаевме што треба да направиме. Нашиот играчки план беше совршено подготвен од страна на тренерот. Не бевме толку уверени во нападот во првото полувреме, но по разговорот во соблекувалната работите се променија. Покажавме победнички менталитет. Горд сум на своите соиграчи, им се заблагодарувам и на сите навивачи“, истакна Душан по натпреварот.

Славењето на голот на натпреварот против Џенова неколку дена порано ги налути бројни личности во Италија покрај навивачите, а Влаховиќ ја искористи можноста да се извини и да ги признае своите грешки.

„Не паѓам во депресија кога не постигнувам гол, знам кога грешам и ги признавам своите грешки. Пред некој ден погрешив поради начинот на кој го прославив голот и морам да ги променам тие работи. Треба да работам како врвните играчи. Кога постигнуваш гол, полесно е, стекнуваш повеќе самодоверба и сè ти оди подобро“, рече Влаховиќ.

.