Влаховиќ се фати за меѓуножјето, па го објасни безобразниот потег (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот голгетер Душан Влаховиќ заигра против Швајцарија и постигна еден гол, но тоа не ѝ беше доволно на Србија во мечот против Швајцарија (2-3).

Влаховиќ го покажа меѓуножјето по голот за 2-1, по што имаше шпекулации кон кого била испратена неговата порака, иако Србинот вели дека такво нешто немало.

„Прославата на голот беше спонтана. Тоа што го направив не беше наменето за некого. Имав добра енергија. Нема проблеми меѓу мене и Пикси. Моравме да бидеме подобри за да ја поминеме групната фаза. Меѓутоа, сега се фокусираме само на Европското првенство“, кажа Влаховиќ.