Влаховиќ за љубовната афера: Нема што да кажам, тоа се глупости!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ е во центар на внимание поради наводна љубовна афера со сопругата на голманот Предраг Рајковиќ.

Влаховиќ реагираше по шпекулациите во медиумите и кажа дека тоа е глупост.

„Непотребно е било што да се зборува, но морам да реагирам затоа што станува збор за моето име. Нема што да кажам, тоа се глупости, а луѓето измислуваат затоа што им е досадно и немаат што друго да прават. Атмосферата никогаш не била подобра во селекцијата“, кажа Влаховиќ.

Претходно се шпекулираше и дека Влаховиќ е во лош однос со селекторот Пикси, но напаѓачот го демантираше и тоа.