Влаховиќ по поразот на Јувентус се обидуваше да најде ѕвезда на Реал (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ беше во центарот на вниманието пред, за време и после гостувањето на Јувентус во Мадрид.

Јуве беше поразен од Реал 1:0, во третото коло на Лигата на шампиони, а Влаховиќ конечно го започна натпреварот во стартната постава на Игор Тудор.

Џуд Белингем беше тој што во 58. минута пресуди на „Старата дама“, на која ова ѝ беше првиот пораз оваа сезона.

Меѓутоа, ова беше и седмиот натпревар по ред на тимот од Торино во кој немаат забележано победа.

Јувентус има за што да жали за шансата веднаш на почетокот од второто полувреме кога Влаховиќ излезе пред Тибо Куртуа, но голманот на Реал успеа да го одбрани неговиот обид.

Влаховиќ играше нешто повеќе од седумдесет минути, по што Тудор го замени со Џонатан Дејвид.

Таа замена не донесе значајна промена во завршницата бидејќи резултатот остана ист.

Српскиот напаѓач беше во фокусот и по последниот судиски свиреж, бидејќи се врати на теренот за да го најде еден од играчите на Реал Мадрид.

Стануваше збор за Винисиус Жуниор со кој Влаховиќ разменил дресови и накратко разговараше.

.