Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милер кажа неколку реченици и замина.
Фудбалерите на Баерн вчера на гости кај Фортуна Дизелдорф победија со резултат од 4:1 во 29тото коло на Бундеслигата.
Баерн со оваа победа се врати на првото место на табелата во Бундеслигата со еден бод повеќе од второпласираниот тим, Борусија Дортмунд. Баварците оваа сезона играат топло-ладно, но се свесни дека мораат да ја подобрат својата форма во финишот на сезоната.
На Хрватскиот стручњак Нико Ковач му е потребна подобра завршница на сезоната бидејќи и без тоа е тешко да се очекува да остане тренер на Баерн и во наредната сезона. Атмосферата во екипата не е баш најдобра и тоа претставува најголем проблем за Ковач.
Вчера одличен натпревар имаше Томас Милер кој конечно се врати во тимот и заигра уште од првата минута. Тој после мечот беше многу налутен и само го прокоментира натпреварот, и изјави:
„Што ве интересира? Па јасно е се! Мораме да даваме голови и да освојуваме бодови. Имаме доста самоувереност и знаеме што треба да се направи. Во соблекувалната се решава се и тоа останува таму. „Гладни“ сме и сакаме да постигнеме што повеќе погодоци!“, рече Милер.