Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осомниченото лице кое го прободе Бугаринот во моментов е во бегство и полицијата трага по него, објави скопското Обвинителство.
„На 27 јули 2023 околу 18:30 часот на улица Цветан Димов, додека навивачите на ФК Левски се движеле со возила „хонда“ и „фолксваген пасат“ со развиорени навивачки знамиња и други навивачки реквизити, дошло до вербална расправија, по што тие излегле од возилата и настанала физичка пресметка, а еден од навивачите на ФК Левски откако се вратил во автомобилот, во движење бил повреден со остар предмет. Веднаш по настанот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во координација со обвинителството, беа преземени мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителите на кривичното дело насилство. Извршени се службени разговори со повеќе лица, а по документирање на доказите, на 28 јули лишени се од слобода А.Џ. (30), Н.С.(28), Б.Б.(32) и К.И.(28), кои се задржани во полициска станица. По извршена координација со ОЈО Скопје, денеска против овие лица е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело насилство и тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“, информираат од МВР.
Обвинителството се сомнева дека уапсените на возраст од 28 до 32 години учествувале во физичка пресметка со навивачи на бугарскиот клуб Левски со што сториле кривично дело, „насилство“.
„Имајќи ги предвид сите околности на настанот, кој беше предизвикан кога бугарските навивачи со две возила се движеле во близина на трговскиот центар “Чаирчанка” и најпрвин влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани, а потоа ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти, јавниот обвинител за осомничените предложи неколку мерки на претпазливост: обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патните исправи, како и забрана за посетување на определено место – спортски натпревари. Лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин е идентификувано, но се уште не е лишено од слобода и по него се трага. Обвинителството продолжува да презема дејствија за обезбедување докази со цел целосно расчистување на настанот“, информираа од Јавното обвинителство.