Во ек на пандемијата: Почна изградбата на најголемиот стадион во светот (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Глобалната пандемијата на новиот коронавирус го парализираше спортот, иако во неколку држави покажаа дека има стабилизирање на состојбата.

Вухан и Кина полека се рехабилитираат од последиците од вирусот. Фудбалското првенство во Кина уште не е почнато, но интензивно се праваат планови за враќање на фудбалот во државата.

Додека се чекаат натпреварите, богатиот Гвангжу Евергранде вчера почна официјално со изградба на новиот стадион.

Кинеските медиуми бо објавија дизајнот на стадионот, кој треба да има облик на цвет, а во негово дизајнирање учествувал и првиот човек на клубот, Хуи Ка-Ван.

Се верува дека изградбата на овој ултра-модерен стадион треба да биде завршена до 2022 година, а ќе чини 1,5 милијарди евра.