„Во фудбалот нема место за испади како тој на Даку“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Албанија испадна од Европското првенство (ЕП), а најмногу беше во центар на внимание поради Мирлинд Даку кој ги навредуваше Македонците и Србите.

Даку беше суспендиран од УЕФА на два натпревари и затоа го пропушти дуелот против Шпанија, а овој потег предизвика реакција и од претседателот на фудбалската федерација на Албанија, Арманд Дука.

„Фудбалот е најубавата игра во светот и затоа се неприфатливи вакви испади. Без разлика кои се, Албанци или Срби, нема да дозволиме да го користат фудбалот за други интереси. Фудбалот треба да создава пријатели, а не непријатели“, кажа Дука.