Во големото финале за прв пат во историјата на два тима кои не беа во плеј-оф минатата сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс и Мајами Хит ќе играат во големото финале во НБА.

Откако Лејкерс малку порано обезбедија пласман во големото финале, кошаркарите на Мајами хит го сторија истото синоќа.

Ова финале ќе биде единствено со оглед на тоа што за прв пат пред борбата за титулата се квалификуваа екипите кои не обезбедија пласман во плејофот минатата сезона.

Мајами хит минатата сезона ја заврши на десеттото место во Источната конференција со сооднос од 39 победи и 43 порази.

Од друга страна, Лејкерс минатата сезона ја завршија на 10-то место, но Западната конференција со сооднос од 37 победи и 43 порази.

Да додадеме на крајот дека финалната серија се игра на четири добиени натпревари.