Во Хамбург уште жалат , но еден потег на навивачите на овој клуб е неверојатен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со големиот срам дома, Хамбург ја пропушти шансата да го зграби местото што води до плеј-офот за Бундеслигата.

Со оглед на поразот на Хајнденхајм, на ХСВ му беше потребен бод дома против Сандхаузен на кого не му требаше ништо. Сепак, гостите славеа со 5:1.

Домашните навивачи останаа во шок, а ги навредуваа своите фудбалери преку социјалните медиуми.

Интересно е што, некои навивачи на Хамбург, вчера играа и против нивниот тим во обложувалниците. Така се појави билет во кој навивач се обложил на победата на гостите и дека првиот гол ќе го постигна Денис Дикмаер, поранешен играч на ХСВ.

Гостите славеа, но Дикмаер го постигна последниот гол, а не првиот, а билетот не беше добитен.

Колку и да изгледа неверојатно, навивачот играше против својот тим …