Во хорор сообраќајка загинаа девет фудбалери на Гвинеја, ФА на Гвинеја објави дека и братучед на Наби Кеита е меѓу жртвите..


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Во Гвинеја се случи вистинска трагедија во која животот го загубија девет фудбалери на тимот од оваа земја, Етоил.

Фудбалската Асоцијација на Гвинеја објави дека братучедот на играчот на Ливерпул, Наби Кеита, Алмами Кеита е меѓу загинатите.

Сепак, потоа испадна дека тој е еден од преживеаните и во моментов се наоѓа хоспитализиран во болница.

19 од луѓето кои биле во автобусот се повредени, а од нив 17 претрпеле доста сериозни повреди. За жал деветмина им подлегнале на повредите.