Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Естебан Гранеро ја воодушеви шпанската јавност затоа што се вклучи во борбата против коронавирусот.
Гранеро веќе некое време има компанија, која се занимава со истражување во светот на спортот, но и статистички податоци. Тој сега реши компанијата да се занимава само со коронавирусот.
Шпанија покрај Италија е најтешко погодена со вирусот и секоја помош ќе им значи, па затоа Гранеро реши компанијата да ги следи статистичките податоци за коронавирусот и да им помага на властите.
„Имаме сериозен проблем и сите треба да се вклучиме за да го решиме. Ние во компанијата решивме да работиме само на проучување на вирусот и да го следиме секој чекор на случувања во Шпанија. Сакаме да генерираме податоци за да ги имаме подоцна и да видиме дали ситуацијата се смирува“, вели Гранеро.