Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ засега во својот распоред го има настапот на Ролан Гарос, кој е планиран да се одржи во Париз од 20 септември, кога почнуваат квалификациите, односно 27 септември, кога почнува главната ждрепка, а ќе трае до 11 октомври.
Планот за продолжување на сезоната е следен. Турнир во Вашингтон на 14 август, па Мастерсот во Синсинати на 22 август, па Ју-Ес Опен од 31 август, по што следи преселба во Европа.
Ѓоковиќ е подготвен да почне со работа по негативниот тест на Ковид-19, но тој и пред да се зарази најави дека најверојатно ќе ја пропушти американската турнеја.
Останува да видиме каква ќе биде одлуката на Рафаел надал и кои турнири планира да ги игра во следниот период.