Во Реал покажаа дека се голем клуб, меѓу првите му изразија сочувство на Гвардиола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Коронавиирусот беше кобен за 82 годишната мајка на Пеп Гвардиола, Долорес Сале Карио кој почина во текот на денешниот ден.

Шпанија е една од најпогодените земји во светот од опасниот вирус, а за жал битката со него не ја издржа мајката на Пеп кој пак неодамна донираше милион евра во борбата против коронавирусот.

По веста за смртта на неговата мајка, меѓу првите кои му изразија сочувство беа од Реал Мадрид, клуб кој долго беше најголем ривал на Пеп и додека беше играч и додека беше тренер.

„Реал Мадрид длабоко жали за смртта на Долорес Сала Карио, мајката на Пеп Гвардиола. Нашиот клуб сака да изрази сочувство на семејството на Пеп“ –стоеше во соопштението од Реал Мадрид.