Во Сити убедени дека Пеп ќе ја одбие Барселона


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Во Манчестер Сити се убедени дека Пеп Гвардиола ќе одолее на секаква понуда од Барселона и ќе остане во клубот.

Евентуалното враќање на Жоан Лапорта во Барселона донесе и шпекулации кои го поврзуваа Гвардиола со враќање во редовите на каталонскиот клуб.

Сепак, „Сан“ пренесува дека од Манчестер Сити се сигурни дека нивниот тренер ќе остане на клупата на „Етихад“ и во следниот период.

Гвардиола има само уште една година од неговиот договор со Манчестер Сити и се уште не е познато дали истиот ќе биде продолжен.