Во слендите 48 часа Евертон ќе ангажира супер засилување од Реал Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Договорот помеѓу Реал Мадрид и Евертон за трансферот на Хамес Родригез е многу блиску до реализација.

„Скај Спортс“ пренесува дека само 48 часа го делат Евертон од ангажман на супер засилување во пресрет на следната сезона.

Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез ќе игра по трет пат под водство на Карло Анчелоти кој му беше тренер и во Баерн Минхен и во Реал Мадрид.

Хамес во моментов заработува 200.000 фунти неделна плата на „Бернабеу“, но се согласил за значително намалување на примањата во таборот на Евертон.

Медицинските прегледи се очекуваат да бидат извршени во текот на оваа недела.