Во среда ќе биде познато кога ќе продолжи Бундеслигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германските клубови се подготвуваат за продолжение на Бундеслигата, а претходните денови се работи на тоа сите фудбалери да бидат тестирани.

Алармот се запали пред неколку дена откако тестирањата биле направени во Келн кад ешто се покажало дека двајца играчи и еден физиотерапевт се заразени со вирусот. Но, клубот порача дека не е проблем да се продолжи со тренинзи.

Германските медиуми пишуваат дека тестирањата се направени и во останате клубови, а дури 14 тимови немаат ниту еден заразен.

„Билд“ пишува дека се чекаат резултати уште од Лајпциг, Борусија Менхенгладбах и Аугсбург. Исто така, клубовите добија посебен протокол околу пандемијата до кој ќе мора да се придржуваат.

Во следните денови ќе се разговара за продолжение на Бундеслигата, а наводно во среда ќе биде познат конечниот датум кога ќе се врати фудбалот.

Се очекува дека сезоната би можела да продолжи на 16 мај, а на состанокот ќе се разговара и со германската канцеларка Ангела Меркел.