Во среда по првпат во историјата во Бундеслигата ќе се игра меч без публика!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По првпат во историјата во Бундеслигата еден меч од натпреварувањето ќе се игра без присуство на публика.

Во среда Борусија Менхенгладбах и Келн играат меч од Бундеслигата, а нема да има публика на средбата од 18.30 часот и тоа ќе биде за првпат во историјата во најсилното натпреварување во Германија.

Одлуката да се игра пред празни трибини ја донел градоначалникот Ханс Вилхелм поради опасноста од ширењето на коронавирусот.

Треба да се очекува во следните денови одлука за забрана за навивачи на стадионите, откако германскиот министер за здравство, Јенс Спан препорача да се откажат сите настани со повеќе од 1.000 лица.